ФУДБАЛ

Манчестер испрати неверојатна понуда до Реал, се чека само одговор од Мадрид

Манчестер Јунајтед планира да донесе уште неколку квалитетни играчи по Дони ван де Бик, а сега на радар е и фудбалерот на Реал Мадрид.

Како што објави шпанскиот портал „АБЦ“, Манчестер Јунајтед му испратил на Реал понуда за младиот Серхио Регулон, кој играше на позајмица во Севиља и имаше одлична сезона.

Регулон не е прва опција за Зинедин Зидан на бековската позиција и Реал е подготвен да ги разгледа понудите и доколку добие конкретна, најверојатно ќе го продаде младиот дефанзивец, но тој ќе побара да добие 25 проценти од следната продажба на играчот.

Наводно, Јунајтед понудил 30 милиони евра со бонуси и Реал ќе размисли за продажба, а во исто време играчот го сакаат Јувентус и Севиља, за кои тој играше како позајмен играч.

Тој е квалитетен играч, па затоа се свесни во Реал и обично нема лесно да го продадат, но овојпат, како во случајот со Брахим Дијаз, тој би можел да биде исклучок.