ФУДБАЛ

Манчестер Јунајтед го купи напаѓачот на Аталанта

Манчестер Јунајтед го договори доаѓањето на младиот напаѓач на Атланта, Амад Диало.

Како што потврди реномираниот новинар и експерт за трансфери Фабрицио Романо, Јунајтед се договорил со тимот од Бергамо за доаѓањето на 18-годишното крило на „Олд Трафорд“.

Диало чекаше долго да добие пасош што го попречуваше трансферот. Проблемите се решени и фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска ќе стане член на „црвените ѓаволи“ од јануари.

Аталанта заврши одлична работа. За 18-годишното момче зедоа 25 милиони евра, а дополнителни 15 милиони може да се заработат преку разни бонуси вклучени во зделката.

Диало оваа сезона двапати играше за првиот тим на Аталанта. Тој одигра вкупно 35 минути и ќе видиме како ќе се снаоѓа во Театарот на соништата.

Секако е интересно што до јули 2020 година, Диало го носеше презимето Траоре. Сепак, тој одлучи да го смени и да го носи презимето Диало во иднина.