ФУДБАЛ

Манчестер Јунајтед го позајми Марсијал на Севиља за пет милиони евра

Севиља објави за потпишување договор со напаѓачот Антони Марсијал од Манчестер јунајтед.

Дваесет и шестгодишниот Французин му се приклучи на шпанскиот тим како позајмен фудбалер до крајот на тековната сезона.

Како што претходно беше објавено, зделката го чинеше клубот од Андалузија пет милиони евра.

Марсијал ќе настапува во Севиља со бројот 22. Оваа сезона тој одигра осум натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига