ФУДБАЛ

Манчестер Јунајтед го претстави првото засилување за новата сезона

Манчестер Јунајтед денеска официјално го објави првото засилување за новата сезона.

Станува збор за сега веќе поранешен играч на Свонси, Даниел Џејмс, кој има 21 година а на „Олд Трафорд“ пристигна за 17 милиони евра.

Овој играч е одличен талент, зад него има солидна сезона во Чемпионшип, каде што одигра 33 натпревари, постигна четири гола и девет асистенции.

Се поврзуваше со Манчестер Јунајтед долго време, и на крајот, падна договор.

Во следните недели, на Олд Трафорд се очекуваат нови потписи.