ФУДБАЛ

Манчестер Јунајтед го пушта Лингард

Џеси Лингард скоро сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Имено, Дејли Меил пренесува дека Јунајтед одлучил дека Лингард може да го напушти клубот, а можноста за позајмица е отворена.

Не е дефинирано во кој клуб ќе замине, но во последно време се шпекулира дека тоа ќе биде Вест Хем.

Наводно, неговата цена е 20 милиони евра, па затоа е тешко да се очекува некој да го купи.

Лингард има само три настапи оваа сезона, па јасно е дека не е во сериозни планови.

Претходно, Телеграф напиша дека офанзивниот играч ќе биде на позајмица во Шефилд Јунајтед, но веројатно нема ништо од тоа.