Францускиот играч од средниот ред би можел да го напушти Јувентус на крајот на оваа сезона за да се пресели во Премиер лигата.
Матуиди стана мета на поголемите англиски клубови.
Италијанскиот портал „Калчомеркато“ пишува дека интерес за играчот од средниот ред на Јувентус покажале Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Во меѓувреме, на Лион му се допаѓа квалитетниот играч од средниот ред.
Фудбалерот неодамна го продолжи својот едногодишен договор со клубот од Алијанц стадионот.
Но, тоа не значи дека тој не може да го напушти Торино во текот на летото.
Матуид има одиграно 22 натпревари со италијанскиот шампион во Серија А оваа сезона.