Иако до неодамна дојде во Интер од Атлетико Мадрид, се очекува Диего Годин да го напушти овој тим на крајот на сезоната.
Имено, раководството на Интер смета дека не одговорил на очекувањата и тие се подготвени да го продадат, а има интерес за него.
Најголем интерес за Годин има од Англија, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, го сакаат во нивните редови.
Наводно, Манчестер Јунајтед има подобри шанси да го донесе, но одлуката сепак ќе биде на Годин, се разбира, доколку и двата тима поднесат понуда.
34-годишник би можел да направи уште еден навистина голем трансфер близу крајот на кариерата.