ФУДБАЛ

Манчестер Јунајтед испрати понуда до Давид Алаби

Манчестер Јунајтед испрати официјална понуда до австрискиот фудбалер Давид Алаби.

Брилијантниот 28-годишен дефанзивец не успеа во претходните месеци да се договори со Баерн за нов договор и ќе го напушти тимот во кој ја помина целата своја кариера.

Интересот за неговите услуги е огромен. Тој се поврзуваше со Сити, Челзи, Реал Мадрид, ПСЖ, Јувентус и Барселона, а шпанскиот АС тврди дека Јунајтед први направиле конкретен чекор.

Раководството на „црвените ѓаволи“ го контактираше менаџерот на Алаба, Пини Захави. Тие му ја соопштија понудата, што сепак е тајна.

Алаба од Баерн побара плата од скоро 25 милиони евра со бонуси. Баварците не сакаа да му го дадат тоа, па на крајот реши да го напушти клубот со кој освои апсолутно сè.

Давид од 2009 година досега има одиграно вкупно 404 натпревари во Баерн и има постигнато 32 погодоци.