Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Брентфорд со 3-0 во 35. коло од англиската Премиер лига.
Јунајтед се мачеше многу оваа сезона, има само еден бод во претходните три натпревари во Премиер лигата и јасно е дека нема да игра во Лигата на шампионите во сезоната 2022/23, но се уште има борба за позициите кои водат до Лига Европа.
Од тие причини е важна вечерашната победа над Брентфорд, која беше остварена премногу лесно, како во некои стари добри времиња.
Бруно Фернандеш на асистенција на брзиот Еланж погоди за 1:0 во деветтата минута, а во финишот на првото полувреме беше поништен голот на Кристијано Роналдо кој беше во мал офсајд при додавањето на Хуан Мате.
Сепак, Португалецот вечерва постигна гол, кој погоди од 11 метри во 61. минута, со што го потврди триумфот на Јунајтед, кој постигна уште еден гол до крајот.
Во 72. минута по корнер Рафаел Варан постигна гол и со тоа ги уништи сите надежи на гостите.
Јунајтед за пет дена гостува кај Брајтон, што ќе биде нивниот претпоследен натпревар сезонава.
Сега „црвените ѓаволи“ имаат шест бода повеќе од седмопласираниот Вест Хем, па сигурно е дека ќе играат во Европската лига, што е мала утеха за навивачите и сите во клубот кои се надеваа на Лигата на шампионите.