На Манчестер Јунајтед му се потребни засилувања во средниот ред. Солскјер е принуден во јануари да донесе засилување и да ги смири апетитите на фановите. Но, прашање е дали неговиот избор ќе им се допадне.
Според англиските медиуми мета е Хари Винкс од Тотенхем. За „Петлите“ забележа 16 настапи сезонава, но во поголемиот дел настапи како резерва и со симболична минутажа. Сепак, во него веројатно Солскјер гледа нешто што другите не можат да го забележат.
