ФУДБАЛ

Манчестер Јунајтед конечно договори се со левиот бек

Лук Шоу не му влева доверба на Солсјер, па тренерот на Манчестер Јунајтед реши да донесе засилувања на позицијата лев бек.

По долги преговори со неколку играчи, изборот падна на левиот бек на Порто, Алекс Телес.

Имено, како што пренесува Фабрицио Романо, челниците на Манчестер Јунајтед синоќа се договориле за лични услови со играчот, а се било договорено во врска со исплатата на неговиот агент.

Останува само Манчестер Јунајтед да се договори со Порто за неговата цена, а тој во следните денови ќе стане нов играч на тимот од Манчестер.

Доколку Порто реши да го прецини својот играч, тие наводно го имаат подготвен Планот Б за Јунајтед, но Романо не откри за кој играч станува збор.