Манчестер Јунајтед го отпушти тренерот Рубен Аморим по серијата лоши резултати оваа сезона.
Четириесетгодишниот Португалец пристигна во Јунајтед во ноември 2024 година од лисабонскиот Спортинг, а сите навивачи на Црвените ѓаволи очекуваа дека тој ќе може да го врати клубот на патеките на старата слава.
Сепак, под негово водство продолжија слабите игри, а оваа сезона Јунајтед се наоѓа дури на шестото место во Премиер лигата со освоени 31 бод од 20 натпревари.
