ФУДБАЛ

Манчестер Јунајтед му понуди нов договор на Ешли Јанг

Манчестер Јунајтед му понуди нов договор на искусниот дефанзивец Ешли Јанг.

Иако тој ќе наполни 35 години во јули, „црвените ѓаволи“ решија да му понудат уште една година соработка, и тие го направија овој потег откако Интер покажа интерес за неговите услуги.

Јанг сега ќе одлучи дали ќе ја прифати оваа понуда или ќе ја продолжи кариерата во италијанската Серија А.

Овој 34-годишен фудбалер е член на Јунајтед уште од 2011 година. Тој дојде од Астон Вила и одигра вкупно 261 натпревар за „црвените ѓаволи“.

Тој има остварено 18 настапи во сите натпреварувања оваа сезона и има постигнато еден гол и една асистенција.

ПОВРЗАНО

Серија А