Манчестер Јунајтед сигурно ќе промени многу на лето.
„Црвените ѓаволи“ се само на шестото место, пред неколку дена беа поразени од Ливерпул со 4:0 и беше очигледно дека се многу потребни засилувања.
Се шпекулира дека дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес ќе ги засили редовите на овој клуб.
Торес беше желба и лани, но пристигна Рафаел Варан, кој отсуствува во поголемиот дел од полусезоната поради проблеми со повреди.
Според шпанските медиуми вредноста на Торес е 60 милиони евра, а оваа сезона е стандарден во Виљареал.
Неговиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите игра против Ливерпул.
За шпанската репрезентација забележа 17 настапи и постигна еден гол.