Португалскиот офанзивен играч за врска Бруно Фернандеш воодушевува од натпревар во натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед.
Пред скоро една година, Португалецот дојде во Манчестер Јунајтед и оттогаш стана еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.
На „Олд Трафорд“ тие се свесни дека веќе подолго време немаат таков лидер на теренот, а клубот одлучи да му ја удвои платата и да му даде нов договор со 220.000 евра неделно, за да спречи можност за негово заминување. Барселона
Според новиот договор, Фернандеш треба да остане на „Олд Трафорд“ до 2025 година.