ФУДБАЛ

Манчестер Јунајтед не се откажува од Кулибали

Одбранбениот играч на Наполи би можел да ги чини „црвените ѓаволи“ 100 милиони евра

Манчестер Јунајтед планира да испрати понуда летово за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.

„Црвените ѓаволи“ го следат играчот од минатата година, а се очекува да ја започнат својата последна понуда оваа година. Веста ја објави „Дон Балон“.

28-годишниот фудбалер би го чинел клубот 100 милиони фунти.

Наполи, пак, би бил спремен да го продаде дефанзивецот за овие пари.