Се чини дека Манчестер Јунајтед конечно го најде вистинското решение на позицијата стопер.
Имено, Кристијан Ромеро, стоперот на Аталанта, треба да дојде во Јунајтед.
Преговорите меѓу двата тима се во тек, а Аталанта најпрво ја искористи опцијата за купување од Јувентус во износ од 16 милиони евра, а сега сака веднаш да го продаде.
Преговорите се во завршна фаза, а Ромеро ќе потпише петгодишен договор.
Останува клубовите да се договорат за обештетување, кое ќе изнесува 45 милиони евра.
Станува збор за понуда што Аталанта не можеше да ја одбие, па јасно е дека завршија одлична работа со тоа што го донесоа Аргентинецот од Јувентус.
Ромеро експлодираше во дресот на Аталанта, и доби покана од селекторот на Аргентина.
Денес Манчестер Јунајтед се најде меѓу шесте казнети екипи од Англија за создавање на Суперлигата.
Тие се договорија за казна со Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) и на сметката ќе уплатат вкупно 22 милиони фунти.
Исто така, беше потпишан договор според кој казните за ваквите прекршувања ќе бидат уште поголеми во иднина.