Според италијанскиот весник „Ла Назионе“, Манчестер Јунајтед му испратил на Фиорентина понуда за Федерико Киеза.
Италијанскиот интернационалец се поврзува со голем број на великани од Серија А, вклучувајќи ги Јувентус и Интер, но сега наводно Манчестер почнува да се интересира за младиот напаѓач.
Роко Комиссо, претседателот на Фиорентина, претходно истакна дека ќе го ослободи Киеза само во случај да дојде „вистинска и конкретна понуда“, па се поставува прашањето дали 55-те милиони евра што Јунајтед е подготвен да ги плати, се доволни за да се откаже од својот капитал?
22-годишниот напаѓач оваа сезона постигна 10 голови во Серија А и во изминатите неколку сезони постигнува двоцифрени голови, поради што е баран.
„Црвените ѓаволи“ завршија на третото место во Премиер лигата минатата сезона и се квалификуваа во Лигата на шампионите, па затоа се очекува дека тие дополнително ќе го засилат тимот. Потписот на Џејдон Санчо се очекува наскоро, а очигледно дека ќе има поквалитетни играчи на „Олд Трафорд“.