„Црвените ѓаволи“ се подготвени да ја започнат офанзивата за шпанскиот играч од средниот ред на Атлетико Мадрид, кој внимателно го следеа на натпреварот во Лигата на шампионите против Ливерпул.
Манчестер Јунајтед размислува за трансферот на играчот на Атлетико Мадрид, Саул Нигез.
Според британскиот таблоид „The Sun“, „црвените ѓаволи“ се подготвени да потрошат 80 милиони евра за шпанскиот играч од средниот ред.
Јунајтед испрати извидници на „Енфилд роуд“ минатиот месец за да го набљудуваат 25-годишниот играч на натпреварот во Лигата на шампионите против Ливерпул.
За да го убеди шпанскиот претставник, Јунајтед планира да му понуди плата од 200 000 евра неделно.