„Црвените ѓаволи“ бараат напаѓач за втората половина од сезоната по лошото издание низ кое минуваат.
Црвените ѓаволи страдаат во офанзивна фаза и тренерот Солскјер бара засилување во јануарскиот рок.
Јунајтед го стави фокусот кон напаѓачот на Кристал Палас, Вилфред Заха.
Заха играше на „Олд Трафорд“ во 2013 година, но имаше слабо искуство.
Затоа, британскиот таблоид „The Sun“ вели дека напаѓачот нема да има проблем да се врати во Манчестер за да ги покаже своите вредности.
Исто така „The Sun“ пишува дека Јунајтед е подготвен да плати 80 милиони евра за Заха.