ФУДБАЛ

Манчестер Јунајтед, оптимист за трансферот на Санчо

Британскиот медиум „Скај Спорт“ пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е оптимист за трансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, Јунајтед смета дека трансферот ќе се постигне во текот на летниот преоден рок, додека интересот за Џек Греалиш е намален.

Манчестер Јунајтед сè уште не постигнал договор со Борусија Дортмунд во врска со цената на играчот и структуирањето на тие плаќања. Сепак, „црвените ѓаволи“ се оптимисти затоа што веруваат дека личниот договор со Санчо ќе биде лесно остварлив.

Дортмунд инсистира дека нема да прифатат понуда од помалку од 120 милиони евра за талентираниот 20-годишен Англичанец, но Манчестер Јунајтед одбива да потроши толку многу пари заради финансиската криза предизвикана од ширењето на коронавирусот во светот.

Германскиот клуб бара минимум 100 милиони евра веднаш штом ќе биде потпишан договор, а остатокот е во форма на бонуси и тие сакаат сето ова да биде завршено пред 10 август, кога тимот ќе започне со претсезонските подготовки.

Дортмунд сака оваа трансфер сага да заврши до 10 август, со цел да има доволно време за трансфер на замена за Санчо, како што е напаѓачот на Лил, Џонатан Иконе, за кого е ценет 50 милиони евра.

Манчестер Јунајтед сè уште не доставил официјална понуда до Дортмунд, но „црвените ѓаволи“ остануваат единствените кои контактирале со германскиот клуб за Санчо.

Договорот на Санчо важи до 2022 година и Дортмунд не е загрижен за неговата состојба.