Манчестер Јунајтед и Евертон ремизираа (1:1) во натпреварот од 7. коло на англиската Премиер лига.
Оле Гунар Солскјер ги остави Роналдо и Погба на клупата, го немаше ниту Магваер, додека од друга страна Рафа Бенитез немаше напаѓачки опции за Ричарлисон и Калверт-Левин.
Сепак, возбудата на Олд Трафорд беше многу голема. Првото полувреме доносе отворен натпревар и неколку добри обиди.
Јунајтед прв го презеде водството, во 43. минута кога Бруно Фернандеш мајсторски проигра со Ентони Марсијал, а тој погоди за 1:0.
Роналдо влезе подоцна, но Евертон беше крајно опасен од контра, па ирамнија во 65. минута кога Андрос Таунсенд погоди за 1:1.
Јунајтед потоа тргна по нов гол. Остави многу простор за Евертон и гостите беа многу опасни.
Сепак, немаше промена во резултатите и до крајот на натпреварот остана 1:1.