ФУДБАЛ

Манчестер Јунајтед повеќе не го сака Герет Бејл

И покрај честите врски со Манчестер Јунајтед, на Олд Трафорд не го сакаат Герет Бејл.

Јунајтед долго време сакаше да го донесе Бејл од Реал Мадрид, но „ESPN“ објави дека ја напуштиле идејата за купување на крилниот напаѓач.

Бејл не е многу среќен во последно време во Мадрид, а доаѓањето на Зинедин Зидан ги зголеми шансите да го напушти клубот.

Сепак, тој дефинитивно нема да премине во Јунајтед, бидејќи Црвените Ѓаволи одлучија дека не е потребен, а исто така е скап.

Бејл е член на Реал од 2013 година и освои четири титули во Лигата на шампионите со Кралевите, а во 224 натпревари постигна 102 гола со 63 асистенции.