ФУДБАЛ

Манчестер Jунајтед сака да го врати Златан Ибрахимовиќ на „Олд Трафорд“

Напаѓачот на Шведска, Златан Ибрахимовиќ, најверојатно ќе се врати во Европа во јануари, по истекот на неговиот договор со ЛА Галакси.

Ибрахимовиќ пристигна во Галакси на почетокот на 2018 година од Манчестер Јунајтед, и постави некои нови стандарди во МЛС. Иако има 38 години, тој сè уште не сака да замине во пензија и е подготвен дури да се врати во Европа.

Швеѓанецот во последно време е најмногу поврзан со италијанските клубови Наполи и Милан, а во приказната е и Болоња. Но, „Тутумерто“ утрово објави дека Манчестер Јунајтед бил вклучен во борбата за неговиот потпис.

Ибра пред неколку месеци изјави дека ќе се врати во Јунајтед доколку им биде потребна помош, а самиот Солскјер потврди дека нема да му пречи, секако ако не се шегува Ибрахимовиќ.

Јунајтед не игра добро оваа сезона, и тие се многу слаби во позицијата напаѓач по заминувањето на Ромелу Лукаку и Алексис Санчез. Се чини дека Јунајтед сериозно размислува да го врати Ибрахимовиќ и ќе видиме дали тоа се случи на почетокот на 2020 година.