И третото коло од англиската Премиер лига ни го донесе најголемото дерби.
На „Олд Трафорд“ се одигра натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а „црвените ѓаволи“ победија со 2:1.
Двата тима влегоа очајни во сезоната, Јунајтед и со игра и со резултати (два порази), а Ливерпул само со резултат (две нерешени).
Иако Ливерпул пристигна во Манчестер како фаворит, „црвените ѓаволи“ одиграа солиден натпревар со Роналдо и Мегваер на клупата за да ги добијат првите три бода во сезоната.
Првата шанса домашните ја имаа во 11. минута преку Еланга, а пет минути подоцна и поведоа. Санчо го заокружи Милнер и погоди за 1:0.
И двајцата се обидоа потоа, а од првото полувреме вреди да се издвои обидот на Џејмс Милнер од 42. минута, кој беше изблокиран.
Отворањето на вториот дел носи уште една голема радост на лицата на Манчестер Јунајтед. Марсијал играше покрај Рашфорд кој го чекираше Алисон. ВАР го провери голот, Рашфорд беше на работ од офсајд, но на крајот голот беше признат.
Нова шанса имаше Рашфорд во 76. минута. Брилијантно нареди неколку гостински играчи, шутираше силно, но над голот.
Во 81. минута Ливерпул намалува. Салах налета на одбиена топка и погоди за 2:1.
По три кола, Јунајтед е на 14. место со три бода, додека Ливерпул е 16. со два помалку.
Во следното коло избраниците на Ерик тен Хег ќе гостуваат кај Саутемптон, додека Јирген Клоп и неговиот тим ќе му гостуваат на Бурнмаут.