ФУДБАЛ

Манчестер Јунајтед се ослободи од првиот „одметник“: Во изненадувачки трансфер ќе заврши во Јувентус

Неколку играчи на Манчестер Јунајтед се незадоволни од статусот во тимот и сакаат да го сменат клубот.

Меѓу играчите кои можат да го понесат епитетот „одметник“ е и Антони Марсијал, искусниот крилен напаѓач кој важеше за легитимен кандидат за освојување на Златната топка кога пристигна на „Олд Трафорд“ пред седум години.

Марсијал одби да игра против Астон Вила. Така барем изјави тренерот Ралф Рагник. Французинот подоцна го демантираше тоа, но сигурно е дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Веќе некое време се бара клуб за 26-годишниот фудбалер, а во изненадувачки трансфер тој ќе заврши во Јувентус.

„Бјанконерите“ се во потрага по крилен напаѓач по повредата на Федерико Кизе, а се чини дека изборот падна на Марсијал.

Клубовите веќе се договорија играчот да биде на позајмица и дека Јувентус ќе му ја покрие платата.

Сепак, Манчестер Јунајтед не сака да го пушти Марсијал на бесплатна позајмица и бара одредена сума на пари, нешто што не и се допаѓа на Старата дама.

Италијанските медиуми пренесуваат дека ќе следи нов контакт меѓу раководството на двата клуба во наредните денови кога се очекува се да биде финализирано.