Манчестер Јунајтед потврди дека Пол Погба летово ќе го напушти клубот како слободен играч.
29-годишниот Погба се врати во Јунајтед од Јувентус во 2016 година и забележа 226 настапи за време на неговиот втор престој на Олд Трафорд. Со „црвените ѓаволи“ ги освои Лига Купот и Лига Европа и двете во првата сезона, но без трофеј потоа.
Францускиот репрезентативец се мачеше со повреди цела сезона и не играше за Јунајтед по поразот од Ливерпул на 19 април.
Првпат за Јунајтед играше на 16 години кога пристигна од Ле Авр, а за својот прв тим дебитираше во Лига купот во победата од 3:0 над Лидс. Тој во 2012 година како слободен играч се пресели во Јувентус, со кој освои четири титули во Серија А.
Неговото враќање во Јунајтед беше помалку успешно, но клубот му оддаде почит во убаво збогување на својата веб-страница.
Once a Red, always a Red 🔴
Thank you for your service, @PaulPogba 👏#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) June 1, 2022
Тие напишаа: „Сите во клубот би сакале да му честитаат на Пол за неговата успешна кариера и да му се заблагодарат за неговиот придонес во Манчестер Јунајтед. Му посакуваме се најдобро за неговите следни чекори на извонредниот пат“.
Погба се враќа во Италија и како слободен играч ќе потпише договор со Старата дама. Погба ќе потпише тригодишен договор со „бјанконерите“. На годишно ниво Французинот ќе заработи осум милиони евра плус бонуси и сега само се чека официјална потврда на потписот.
Во Манчестер се решени летово да се ослободат од многу ѕвезди по доаѓањето на новиот менаџер Ерик тен Хаг и се подготвуваат за нови засилувања, а со заминувањето на Французите дополнително ќе се ослободи буџетот за плати.