ФУДБАЛ

Манчестер Јунајтед се уште се надева на Погба

„Црвените ѓаволи“ бараат од францускиот играч за врска да не брза со својата одлука и да го чека новиот тренер.

Манчестер Јунајтед го повика Пол Погба да не брза со одлуката да го напушти клубот.

На францускиот играч за врска ќе му истече договорот со „црвените ѓаволи“ на крајот од оваа сезона.

А, многумина веруваат дека светскиот првак со Франција ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Сепак, гигантот од Премиер лигата бара од поранешниот фудбалер на Јувентус да почека додека не се открие новиот тренер на тимот.

Во оваа прилика Јунајтед се надева дека Погба ќе се предомисли и ќе остане на „Театарот на соништата“.

Ова го обезбедува медиумот „ESPN“.

Интерес за Погбан покажаа Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

28-годишниот за возврат се чини дека е заинтересиран да испроба ново искуство.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига