Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за потпис на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, според извештаите во медиумите на Островот.
19-годишникот одигра фантастично во Дортмунд и покажа дека е еден од најголемите фудбалски таленти во светот.
Белингем е на потесниот круг на Ливерпул, Челзи, ПСЖ и Реал Мадрид, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ би можеле да имаат значителна предност во преговорите бидејќи новиот менаџер Крис Харгривс во минатото соработуваше со Белингем.
Белингем е под договор со Борусија Дортмунд до 2025 година, па Борусија Дортмунд сигурно нема да го пушти за помалку од 100 милиони евра.
