Заврши Светското првенство, се враќаат возбудувањата во најсилните лиги. Прва почна Англија, каде на програмата беа натпреварите во Купот. Манчестер Јунајтед со 2:0 го совлада Барнли, тим за кој настапува македонскиот репрезентативец Чурлинов. Тој во игра влезе во вториот дел поточно во 64-та минута, откако Јунајтед го обезбеди сигурното водство, кое до крајот и го задржа.
Стрелци на головите за Јунајтед беа Ериксен во 27-ма и Рашфорд во 57-ма минута. Македонскиот репрезентативец Чурлинов имаше шанса да намали на 2:1 кога излезе сам со голманот, но неговиот удар заврши крај голот.
Резултати Карабао куп (Лига куп)
Блекбурн – Нотингем Форест 1:4
Чарлтон – Брајтон 0:0 (4:3 на пенали)
Манчестер Јунајтед – Барнли 2:0
Вечерва:
Манчестер Сити – Ливерпул 21:00 часот.