Манчестер Јунајтед е во потрага по нов тренер кој ќе го наследи Германецот Ралф Рангник.
Рангник го замени Оле Гунар Солксјер, кој оваа сезона доби отказ, a Рангник e назначен за привремен менаџер, pa клубот од следната сезона ќе го води некој друг.
Директорот на „црвените ѓаволи“, Џон Муртоу изјави дека клубот има тримесечна задача да го избере најдоброто можно решение за клупата на тимот од „Олд Трафорд“.
„Сега поминуваме низ темелен процес за назначување нов постојан менаџер кој ќе ја преземе функцијата ова лето, со цел да се вратиме на предизвикот за домашни и европски титули“, рече Муртоу.
Јунајтед ја прекина потрагата по нов менаџер во јануари по добриот старт на Ралф Рангник, но последните резултати на Германецот ги принудија челниците на англискиот великан да бараат негова замена.
Рангник е назначен за привремен менаџер до крајот на сезоната, кога ќе се пресели на консултантска улога во клубот.
Тоа значи дека ќе биде дел од тимот кој го именува неговиот наследник, а тој вели дека е воодушевен од тренерот на Ајакс, Ерик тен Хејг.
Холанѓанецот му се допаѓа и на Ричард Арнолд, чиј тим е на врвот на холандската Ередивизија и има добри шанси да се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампионите.
Исто така, покрај Холанѓанецот, кандидат е и аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино, но проблем за Манчестер Јунајтед е и Флорентино Перез, кој би сакал на клупата на Реал Мадрид да го види поранешниот менаџер на Тотенхем наместо Карло Анчелоти.
Покетино има и еден голем минус со директорот на Јунајтед, а тоа е фактот што освои само еден голем трофеј во кариерата – Купот на Франција.
Јунајтед сега има голема и одговорна задача пред себе, а наше е да ја следиме ситуацијата и да видиме кој на крајот ќе го замени Рангник.