Фудбалерите на Манчестер Јунајтед моментално играат на гости против ЛАСК , натпревар од 1/8 финалето на Лига Европа.
Натпреварот во „Раифејзен арената“ во Пашинг се игра пред празните трибини, што е секако голем хендикеп за обете екипи. Јасно е дека Јунајтед е голем фаворит во овој дуел и сè, освен пласман на „црвените ѓаволи“ во четвртфиналето би било големо изненадување.
Но, она што е многу интересно е дека вечерашниот судир со ЛАСК и Јунајтед ќе се запише во историјата. Ова е прв натпревар во историјата на Манчестер Јунајтед што овој клуб го игра пред празни трибини.
Никогаш не им се случило на „црвените ѓаволи“ во историјата да одиграле натпревар пред празни трибини, но коронавирусот „се погрижил“ тоа да се случи.
The first time Manchester United have ever played a competitive match behind closed doors 🏟#UEL #LASKMUN pic.twitter.com/6BKS0qKGVf
— GOAL (@goal) March 12, 2020