Фудбалската асоцијација на Англија го истражува упадот на навивачите на „Олд трафорд“ поради кој дербито помеѓу Јунајтед и Ливерпул не се одигра. Доколку се утврдат пропусти на Јунајтед, како домаќин, тогаш му се заканува казна. Најголемата и најдрастичната би можеа да биде одземање на бодови.
Оваа сезона Јунајтед игра добро. Се наоѓа на второто место и ќе се пласира во ЛШ. Но, доколку му бидат одземени бодови, тогаш второто место можеби нема да биде загарантирано.
Инаку, навивачите на Јунајтед вчера упаднаа на „Олд Трафорд“ и бараа оставка од семејството Глејзер, кои се сопственици на клубот нешто повеќе од деценија ипол. Чашата ја прели одлуката, а која подоцна беше повлечена, за учество во Суперлигата само поради финансиска корист.