Ништо ново кога е во прашање Манчестер Јунајтед. Повторно влезе во криза и во последните четири мечаво Премиер лигата има само една победа. Попладнево тимот на Тен Хаг зауби на гостувањето кај Вест Хем со 2:0. Верувале или не во второто полувреме Манчестер Јунајтед немаше ниту еден директен удар во рамките од голот на противникот, па кога е така не може да се надевате на победа. Бовен и Кудус во 72 и 78-ма минута беа стрелци на головите со кои Вест Хем стигна до победа. Со овие три бода „Чеканите“ го скокнаа Јунајтед на табелата, па сега се на 6-тото место со 30 бодови. Манчестер Јунајтед остана на осмото место со 28 бодови.
Манчестер Јунајтед загуби, повторно!!! (ВИДЕО)

Фото: Soccer Football - Premier League - West Ham United v Manchester United - London Stadium, London, Britain - December 23, 2023 Manchester United's Andre Onana makes a save REUTERS/Hannah Mckay