Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед започна преговори со данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен, објави британски Атлетик.
Договорот на Данецот со Брентфорд истекува на 30 јуни, а доколку се постигне договор, тој како слободен играч би пристигнал на „Олд Трафорд“.
– Имам различни понуди и опции, кои во моментов ги разгледуваме, а потоа ќе донесеме одлука. Би сакал повторно да играм во Лигата на шампионите, знам колку е забавно, но тоа не е пресудно за мене – изјави Ериксен.
Пред една година Кристијан Ериксен беше клинички мртов неколку минути откако падна на тревата на натпреварот од ЕП меѓу Данска и Финска на 12 јуни поради тежок срцев удар.
Потоа го раскина договорот со Интер, тренираше со резервите на Ајакс, а потоа во јануари 2022 година потпиша краткорочен договор со Брентфорд.