ФУДБАЛ

Манчестер киксна дома, а Тен Хаг го најде виновникот

Манчестер Јунајтед повторно разочара на домашен терен, а овој пат не успеа да го победи тимот на Њукасл.

Гостите беа многу подобар тим во првото полувреме од денешниот натпревар, но Манчестер Јунајтед доминираше во вториот дел од натпреварот.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед создадоа шанси, но едноставно не можеа да го постигнат голот кој денеска ќе значеше победа.

Роналдо двапати успеа да ја затресе мрежата на гостинскиот тим, но двата гола беа поништени, па гостите имаа голема среќа.

Првиот гол на Роналдо беше поништен поради недозволена позиција, а вториот по една бизарна ситуација кога му ја одзеде топката на противничкиот голман.

Имено, Роналдо тврдеше дека Ник Поуп ја допрел топката, а тој веќе свикал стопирање, со што главниот судија не се согласил и го поништил голот на Роналдо и му покажал жолт картон.

На вечерашниот натпревар имаше уште неколку одлуки кои ги изнервираа тамошните навивачи, но и фудбалерите, а на крајот од натпреварот Тен Хаг беше прашан за судењето.

„Немам коментар, сите видоа што се случи“, беше краток, но и многу јасен тренерот на Манчестер Јунајтед.

Тен Хаг за судиските одлуки: „Немам коментар, сите го видоа“.

Домашниот тим имаше шанса да дојде до три бода во 95. минута, но Рашфорд успеа да ја пропушти неверојатната прилика.

На крајот мечот заврши без голови, а гостите можат да бидат малку позадоволни од ваквиот исход.