Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва го победија Ватфорд на гости со 3:1 во 15. коло од англиската Премиер лига.
Граѓаните полесно од очекувањата успеаја да слават вечерва на Викариџ Роуд и постигнаа нови три бода. За Вотфорд ова е десетти пораз сезонава и повторно се во опасната зона.
Сити одлично го отвори натпреварот и веќе во четвртата минута стигна до предност. Помошник беше Фоден, а голот за 1:0 го постигна Рахим Стерлинг.
Актуелниот англиски шампион до вториот гол стигна во 31. минута. Овојпат во центарот на вниманието беше Бернардо Силва кој постигна одличен гол за 2:0 и сигурна предност на својот тим.
Сити во 63. минута го реши прашањето за победникот на овој меч. Вокер асистираше, а неговиот втор гол на натпреварот го постигна Бернардо Силва за 3:0.
Вотфорд само до крајот на натпреварот успеа да го ублажи поразот. Во 74. минута Кучо успеа да ја затресе мрежата на Манчестер Сити и да ги постави конечните 1:3 на овој натпревар.
По оваа победа Сити повторно е лидер на табелата со 35 бодови, а има бод повеќе од Ливерпул. Ватфорд се наоѓа на 17. место со 13 бодови и се чини дека очекувањето е борба за опстанок.