Англискиот шампион е подготвен да го продаде германскиот напаѓач по казната од 30 милиони евра што ја доби од УЕФА.
Манчестер Сити планира да го продаде Лирој Сане следното лето.
Англискиот гигант неодамна беше казнет со 30 милиони евра од УЕФА за прекршување на правилата за финансфиски фер-плеј.
Затоа, британскиот весник „Стар“ пишува дека сегашниот англиски шампион треба да направи жртви за да ги прилагоди билансите на клубот.
Сане не играше оваа сезона со Сити поради тешката повреда на коленото во август минатата година.
Сити има за цел да продаде играчи и да заработи околу 100 милиони евра.
Меѓу играчите кои на крајот од сезоната ќе го напуштат стадионот „Етихад“ е и Сане, кој се очекува да му се придружи на Баерн Минхен.