Неколку медиуми, во Шпанија и Англија, тврдат дека Манчестер Сити е на еден чекор од реализацијата на трансферот на Феран Торес од Валенсија.
Тоа би требало да значи дека граѓаните ја победија жестоката конкуренција, во форма на Јувентус и Ливерпул, кои исто така беа заинтересирани за младиот крилен играч.
Кадена Копе тврди дека работата е скоро завршена, за 25 милиони евра за потпишување, а дополнителни 12 милиони евра преку разни бонуси.
20-годишниот Торес е производ на младинската школа на Валенсија, и тој го привлече вниманието кон себе со одличните игри минатата сезона.
Торес одигра вкупно 44 натпревари за Валенсија во сезоната 2019/2020, постигнувајќи шест гола и запиша осум асистенции.
Патем, ова е играч кој првенствено игра на десното крило, но познат е и со покривањето на другата страна.