ФУДБАЛ

Манчестер сити ќе му понуди на Стерлинг нов долгорочен договор

Манчестер сити планира да го продолжи договорот со напаѓачот Рахим Стерлинг, пишува „Дејли мејл“.

Граѓаните имаат намера да му понудат на 26-годишниот Англичанец нов долгорочен договор, и покрај фактот дека фудбалерот престана редовно да игра за тимот во Лигата на шампионите и не е толку ефикасен како во претходните сезони.

Клубот сака да го задржи играчот, бидејќи високо го цени неговиот придонес во шампионатот на тимот оваа сезона.

Во сезоната 2020/21, Стерлинг забележа 47 настапи за Манчестер сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 гола и 11 асистенции.

Договорот на актуелниот фудбалер важи до крајот на јуни 2023 година.