ФУДБАЛ

Манчестер Сити му понуди неверојатни услови на Жоао Феликс

Еден од оние фудбалери за чиј потпис треба да се борат европските гиганти е Жоао Феликс.

Станува збор за 19-годишен фудбалер кој во последниве неколку месеци се поврзува со Манчестер Јунајтед, но градскиот ривал, Манчестер Сити се чини дека прават сé што можат за да го добиат неговиот потпис.

Според „Сан Спорт“, Граѓаните му понудиле на овој млад играч петгодишен договор и плата од 100.000 фунти неделно.

Се смета дека Бенфика својот фудбалер нема да го даде под 105 милиони фунти, цена која Јунајтед и Сити се подготвени да ја платат.

Во изминатата сезона, овој фудбалер играше вкупно 43 натпревари и постигна 20 гола и 11 асистенции.