Шпанскиот репрезентативец Феран Торес ќе биде надвор од терените на неодредено време.
Торес има скршеница на стапалото и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе мора да состави тим без него во следните неколку недели.
Торес го одигра финалето на Лигата на нации против Франција и се повреди во финалето на турнирот во Лигата на нации. Подоцна беше утврдено дека станува збор за фрактура на стапалото на десната нога.
Сити тврди дека ова е мала фрактура, но дека точната дијагноза и времето потребно за закрепнување не може да се утврди во моментов.
„Торес се врати повреден, па клубот ќе продолжи да ја следи неговата состојба, но засега не се знае точно колку ќе трае рехабилитацијата“, објави денеска англискиот клуб.
21-годишното крило пристигна од Валенсија минатата година, а оваа сезона забележа четири настапи во Премиер лигата и постигна два гола со една асистенција. Има еден настап во Лигата на шампионите, и по еден во Комјунити Шилд и Лига Купот.