ФУДБАЛ

Манчестер Сити покажа интерес за Ракитиќ

Хрватскиот играч од средниот ред би можел да ја напушти Барселона летово и би можел да заврши во актуелниот англиски шампион.

Иван Ракитиќ ги поминува последните месеци од своето искуство во Барселона.

Хрватскиот играч од средниот ред не наоѓа доволно простор на „Камп Ноу“ и се очекува да замине таму во текот на летото, а интересот на големите европски клубови за неговите услуги не изостанува.

Хрватот е сакан во Италија од страна на, Јуве, Милан и Интер, ПСЖ во Франција и Атлетико Мадрид од Шпанија.

Но, шпанскиот медиум „Дон Балон“ денес напишаа дека Манчестер Сити влезе во трката за поранешниот фудбалер на Севиља.

Ракитиќ има договор со Барса до 2021 година, но не се очекува тој да го продолжи договорот.

Сити се подготвени да потрошат 45 милиони за играчот од средниот ред.

Хрватскиот репрезентативец одигра 20 натпревари со Барселона оваа сезона.