ФУДБАЛ

Манчестер Сити претстави дрес на кој и навивачите на овој клуб им се смеат

Англискиот шампион Манчестер Сити вчера го претстави третиот сет на дресови за оваа сезона.

Изгледот на дресот привлече големо внимание, а повеќе личи на обичен дрес отколку на дрес во кој ќе настапи на одредени натпревари.

„Осмелете се да бидете поинакви“, рече Сити.

Сепак, реакциите на фановите доволно кажуваат што мислат за овој дрес. Повеќето од нив не можат да поверуваат што направи клубот со третиот дрес и го исмеваат на секој чекор.

Многумина тврдат дека ова е еден од најлошите дресови што некогаш се појавиле, а вие проценете сами дали е тоа точно.