ФУДБАЛ

Манчестер Сити сепак би можел да игра во Лигата на шампиони следната сезона

Манчестер Сити сепак би можел да игра во ЛШ следната сезона.

Актуелниот англиски шампион неодамна беше казнет од Европската фудбалска федерација (УЕФА) со двегодишна суспензија од европските натпреварувања и парична казна од 30 милиони евра за не почитување на финансискиот фер-плеј.

Со оваа казна немаше да го гледаме Сити во Лигата на шампионите во сезоната 2020/2021 и 2021/2022, но англиските медиуми тврдат дека Сити сепак може да игра во најелитното европско натпреварување следната сезона.

Екипата на Манчестер ја обжали одлуката на УЕФА до Судот за спортска арбитража во Лозана (КАС). Со оглед на тоа што не е познато кога ќе се донесе конечната одлука за овој случај, граѓаните би можеле да играат во ЛШ следната сезона.

Тоа скоро сигурно ќе се случи ако одлуката на Судот не биде донесена до 1 јуни. Сити најверојатно ќе игра во Лигата на шампионите во тој случај, и ако казната на УЕФА биде потврдена во Лозана по 1 јуни, Сити ќе остане без настап во ЛШ за сезоните 2021/2022 и 2022/2023.

Затоа, (КАС) ќе има конечна одлука за сè, и ќе видиме како граѓаните ќе се поминат во овој случај.