ФУДБАЛ

Манчестер Сити во следните неколку дена ќе ја заврши работата за доведување на играчот на Јувентус

Манчестер Сити секој де е се поблиску до Жоао Кансело од Јувентус.

Португалецот наскоро би можел да стане првото засилувања на победниците во Премиер Лигата, а извори од Италија велат дека уште еден круг разговори помеѓу двата клуба.

„Старата дама“ сака да добие 60 милиони евра за Кансело, а граѓаните сакаат да ја намалат цената и да ја завршат работата.

Изворот вели дека целата работа може да биде завршена во следните неколку дена. Сити не сака да купува многу ова лето, а за Кансело се одлучи, бидејќи Данило одлучи да го напушти „Етихад“.

27-годишниот Данило не успеа да го заземе своето место во стартната позиција на Сити за време на неговите две години во Манчестер и сега има неколку понуди.

Кансело, од друга страна, пристигна во Јувентус минатото лето од Валенсија за нешто над 40 милиони евра, а оваа сезона играше вкупно 34 натпревари на сите натпреварувања и постигна еден гол.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига