ФУДБАЛ

Манчини доби нов договор

Роберт Манчини очигледно ќе остане на клупата на италијанската репрезентација до летото 2024 година.

Ова е тврдење на италијанските медиуми, кои дознаа дека поранешниот тренер на Манчестер Сити и Интер ги договорил сите детали со челниците на Фудбалскиот сојуз на таа земја.

Договорот се очекува да биде официјализиран и Манчини ќе ја продолжи соработката до 2024 година.

Според тој договор, тој ќе има поголема годишна плата, а таа ќе се зголеми од два милиони евра по сезона на три.

Манчини е на чело на популарните „азури“ од 2018 година.

На 24-те натпревари кои ја водеше репрезентацијата беа запишани 15 победи.