Селекторот на Италија, Роберто Манчини ја коментираше реакцијата на Кристијано Роналдо, откако беше заменет на натпреварот против Милан.
„Протест на Кристијано? Само што прочитав за тоа. Не знам дали е вистина. Мислам дека играчот треба секогаш да има почит кон тренерот и соиграчите, но јасно е дека понекогаш поради нервозата, може да се однесуваш лошо.
Може да се случи, но мислам дека оние што имаат такви реакции ја знаат грешката што ја направиле и се извинуваат“, кажа Манчини