ФУДБАЛ

Манџукиќ ќе го пропушти натпреварот со Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ нема да игра против Манчестер Јунајтед во натпреварот од третото коло на УЕФА Лигата на шампионите, информира прес-службата на клубот од Торино.

Хрватот се здоби со повреда на левиот глужд за време на тренинг по што ќе мора да паузира одреден период.

Натпреварот Манчестер Јунајтед – Јувентус ќе се игра вечер од 21 часот „Олд Трафорд“.

Во пресрет на овој дуел од третото коло во Лигата на шампионите, Јувентус е лидер во Х-групата со 6 бода, Манчестер е втор со 4, Валенсија има 1 бод, а последен е Јанг Бојс без бодови.