Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ по подолго време ја започна играта од првата минута во ремито на Милан на гостувањето кај Црвена Звезда.
Манџукиќ беше без клуб повеќе од половина година, а неодамна потпиша за Милан. Хрватот полека се враќа во форма, но јасно е дека нема да оди така лесно затоа што не играше долго време.
Искусниот напаѓач од првата минута играше против Звезда, но тоа остави трага врз него и јасно е дека тој сè уште не е целосно подготвен.
Имено, Манџукиќ има проблеми со лесна повреда на мускулот и нема да биде во конкуренција за големото градско дерби против Интер, кое се игра утре.
Тоа сигурно ќе биде удар за Стефан Пиоли, бидејќи покрај Ибрахимовиќ, Манџукиќ е единствениот вистински напаѓач што го има на располагање.